Ефтимов: Новиот буџет предвидува континуиран развој на руралните средини

Денес, на послениот ден од расправата за Предлог буџетот за 2016 година во Собранието на Република Македонија, пратеникот Дајанчо Ефтимов од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека со новиот буџет ќе се продолжи континуитетот на развој на руралните средини.

Како прво, ќе почнам со тоа дека овој буџет е развоен и дека недвосмислено ќе го поддржам бидејќи во него се гледа континуитетот кој што оваа Влада го прави во последните години со самото релизирање на буџетите од предходните години.

Ефтимов нагласи дека во општината од каде што доаѓа односно во Општина Василево досега се изградени 4 индустриски зони во кои се отвораат нови откупни дистрибутивни центри за земјоделските преизводи.

Во една рурална општина како што е Општина Василево има четири индустриски зони. Во овие индустриски зони исто така се отвараат нови откупно дистрибутивни центри. Сеградат и капацитети со кои на земјоделците ќе им бидат откупени земјоделските производи, а исто така со преработката ќе бидат ќе бидат отворени нови директни вработувања. Со средствата од буџетот и од Програмата за рамномерен рурален развој ќе бидат изградени нови канализациони и водоводни системи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.