Ефтов: Ако кампањата потраеше уште малку, Шилегов немаше да влезе во шестата изборна единица

Членовите три години молчеа во очекување на голема изборна победа гарантирана со печатот на Чадорот и секој сомнеж дека не се во право го ставаа под тепих со констатацијата – зарем Големиот Чадор може да погреши. Затоа беа тие силни изблици на шокираност од победата на Трамп, или уште повеќе од појавата на австрискиот министер за надворешни работи Курц на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Скопје. Тоа беа знаци на освестување, но тие беа и недоволни и задоцнети за нешто да се направи и да се смени правецот во кој плови бродот на опозицијата. Но да бидам прецизен – судирот во СДСМ нема да биде меѓу т.н. бранковисти и т.н. заевисти. Судирот ќе биде меѓу т.н. заевисти, соросови кадри кои ќе се обидат локално и без силна поддршка од чадорот да ја преземат партијата, и т.н. импланти на Чадорот кој на местата на старите пломби беа имплантирани во врвот на СДСМ или преку Шарената Револуцијата во институциите на државата. Тоа ќе биде мачен процес. Ќе видиме дали Катица Јанева ќе биде Меркел или Заев. Што правиме ако Катица Јанева биде адаптибилна како Меркел!? Во чив двор тогаш ќе пукнат бомбите!?, вели Ефтов за Прес 24.

Во тој контекст Ефтов го гледа и вклучувањето на бомбите во кампањата, што според него значи непочитување на договорот постигнат со Викторија Нуланд.

– Не со Бејли, не со амбасадорот на ЕУ во Македонија, не со британскиот амбасадор Гарет, тоа значи непочитување на договорот со Викторија Нуланд. Да ја поткрепам таа теза со уште една поента. Во ВМРО ДПМНЕ одбраа да не го јавнат бранот Доналд Трамп и таа тема да не ја вклучат во изборната кампања – иако тоа ќе значеше барем неколку пратеници повеќе на нивната изборна сметка. Зошто? Бидејќи очигледно сакаа да го испочитуваат до крај договорорт со Викторија Нуланд. Вклучувањето на бомбите во кампањата и оној повик на Бранко Героски – цитирам: Друже Заев од мене кратко и јасно-бомби!!!, завршен цитат, отвора неколку прашања. Прво, дали Заев ги предал сите бомби кај Катица Јанева? Второ, зошто Катица Јанева не се јави со став, соопштение или прашање до Зоран Заев дали и се доставени сите бомби согласно законски превземените обврски? Трето, ако сите бомби не се предени дали тие бомби се користат за рекетирање на крупни бизнисмени во Македонија кои необјавувањето на бомбите за нив го плаќаат со големи пари? И четврто дали бомбите ќе бидат искористени за нови немири во Македонија? Ми се чини дека оваа тема ќе биде лакмусот како во иднина ќе бидат разрешени сите отворени прашања во самата опозиција и во коалицијата на опозицијата, шарената револуција и чадорот, вели новинарот Васко Ефтов во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: В недела Македонија ќе гласа за решение на политичката криза или за продолжување на агонијата на државата. Прашањето е во контекст на понудите на двете наголеми политички субјекти и во контекст на централното прашање од оваа кампања, дека овие избори се референдум за иднината на Македонија?

ЕФТОВ: Двата референдуми кои се случија оваа година и тој во Велика Британија и тој во Италија беа неуспешни. Се повеќе сум приврзаник на идејата дека политиката не треба да се води на референдумски начин-кога граѓаните се тераат да направат избор гласајќи за ДА или НЕ. Затоа се надевам дека овие наши избори нема да бидат сведени на референдумско гласање, туку ќе бидат дел од еден процес кој нема да заврши на 11 декември. Во наредните 18 месеци ние ќе имаме уште најмалку две изборни соочувања и дури на крајот од тој продолжен изборен циклус очекувам или се надевам дека ќе бидат создадени предуслови за стабилизирање на изборните процеси и постепено излегување од политичката криза. За жал тој процес ќе биде малку подолг од тоа што ние го посакуваме и ќе ни се потребни од пет до десет години за санирање на штетите од сегашната политичка криза. Така што овие избори ќе бидат само првиот чекор, се надевам успешен, на тој пат од пет или десет години.

Целото интервју можете да го прочитате на Прес 24