Ефтов: Ако не верувате во институциите ја дерогирате државата (ВИДЕО)

Во дебатната емисија на Телма телевизија, новинарот и аналитичар Васко Ефтов кој важи за близок до СДСМ, посочи дека доколку некој не верува во државните институции, тoгаш тој целoсно ја дерогира државата.

– Во кој институции верувате вие. Не верувате во здравство, одите на доктор. Не верувате во фудбалски клуб Вардар, одите на натпревари. Не верувате во полиција, а користите пасош или вадите лични карти. Ако влезете во една таква фаза во ништо да не верувате во државата, тогаш вие ја дерогирате целосно државата, рече Ефтов, најверојатно алудирајќи на тоа дека опозицискиот лидер Зоран Заев иако вели дека не верува во институцијата обвинителство, пријавите за наводните преслушувани разговори ги поднесе во Јавното обвинителство.

На истата теза се надоврза и водителката на дебатната емисија Снежана Лупевска, посочувајќи дека од една страна велат дека не веруваат, а од друга страна ги однесоа пријавите до истиот тој Јавен обвинител.

СДСМ упорно тврди дека во Македонија не постои систем.  СДСМ најавува дека ќе го промени тоа, но прашањето е како? Дали со рушење на државниот систем?!

Според познавачите на состојбите, станува збор за теза која е исклучително опасна бидејќи директно говори за намерите на СДСМ за уривање на државниот систем и уставниот поредок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.