Македонија

Ефтов: Бомбите на Заев поминуваат безначајно (ВИДЕО)

Ефтов: Бомбите на Заев поминуваат безначајно (ВИДЕО)

Во дебатната емисија на Телма телевизија, новинарот и аналитичар Васко Ефтов кој важи за близок до СДСМ со остра ктирика до лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Тој јавно праша ова ли е бомбата на Заев, алудирајќи дека нема ништо спектакуларно со последниот настан во Универзалната сала и дека неговите прес конференции поминуваат безначајно. Тој истакна ако ова беше најсилното тогаш трендот оди надоле, а Заев го очекува судење.

 

– Се плашам дека крешендото е постигнато и дека ако нема нешто спектакуларно повеќе од ова, крешендото е постигнато и ќе има само еден надолен тренд. А овој се спрема за судење, посочи Ефтов во дебатната емисија.

Токму Ефтов вели дека она што во моментов го прави Заев е продавање на илузии и дека за спас има три можности, некој да го спаси, да исплива на рајски остров или да се удави.

-СДСМ и нема што друго да прави тие и лани на изборите продаваа илузија. Сега кога го гледаме Зоран Заев на онаа снимка со ПИМ мерките во кабинетот на Никола Груевски кај што признава дека разликите во анкетите биле 7 до 8 проценти ние сфаќаме дека целата ланска кампања и оние анкети на Ѓорѓи Спасов што ги даваше што ги лиферуваше кај што води Стево Пендаровски биле всушност продажба на илузии. СДСМ нема што друго да прави и Заев во моментов освен да продава илузии дека сигурно победува и дека ова ќе ја скрши Владата на Никола Груевски бидејќи сега знаете тој се наоѓа како во море има толку отпливано од брегот што неможе да се врати на брегот, има три можности: или некој ќе го спаси на средина на море дали тоа ќе се странците или ќе исплива на некој рајски остров или ќе се удави, вели Ефтов.