Ефтов: Целата државна структура ставена во функција на СДСМ

Минатата недела се случи финалната операција за политичко рушење на Никола Груевски. Дали на крајот ќе излезе така како што посакувале сценаристите, ќе се види во наредниот период, истакнува Васко Ефтов во својата најнова емисија.

„На првиот круг од локалните избори се случи една изборна операција која беше подготвувана со години и која беше фантастично спроведена. Партијата ВМРО-ДПМНЕ беше погрешно насочувана со лажни анкети на јавното мислење во рамки на Република Македонија. Тие анкети беа правени од луѓе од најголема доверба на партијата, односно луѓе кои правеле анкети за партијата изминативе 10 години. Времето ќе покаже дали тие анкети намерно биле погрешно направени или во соработка на анкетарите со одредени моќни дипломатски структури кои функционираат на територијата на Македонија. Како второ, беше украден оперативниот систем ОП3, познатата “тројна структура“ која изминатите 27 години беше ‘рбетот и кичмата на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Сите системи, сите шеми, сите контакти на луѓе, сите оперативни групации беа пренесени на конкурентската политичка партија и на стратезите кои работеа на операцијата за растурање на ВМРО-ДПМНЕ. Како тие информации завршија во рацете на одредени структури блиски на македонските безбедносни органи и на одредени моќни дипломатски структури во Македонија, партијата ќе треба да го даде одговорот во наредните неколку недели. Како што сега стојат работите, во ртекот на самата кампања кога веќе се почувствувало дека тие оперативни податови завршиле во раце на луѓе каде што не требало да завршат почнала веќе чистката на одредени оперативни или локални структури кои беа продадени во текот на изборната кампања“, анализира новинарот Ефтов.

Обвинува дека поранешни членови на партијата помогнале за оперативниот систем да заврши во туѓи раце. Тие членови, вели, пред три-четири месеци одлучиле да ја напаѓаат структурата и ВМРО-ДПМНЕ барајќи реформи во самата партија.

„Целата државна структура беше ставена во функција на добивање на изборите од страна на СДСМ. На пример, градот Гевгелија е град каде никогаш до сега немало позначајни изборни нерегуларности или нарушување на изборниот процес. Меѓутоа тоа што се случи изминативе 30-тина дена во Гевгелија треба да биде презентирано. ВМРО-ДПМНЕ во своите внатрешни анализи за тоа кој треба да биде кандидат за градоначалник има направено одредени внатрешни анкети. На тие анкети, убедливо на прво место е името на еден доктор. Со тој доктор е направен договор, се следеле анкетите и е договорено тој да биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 15-ти октомври. Само еден ден откако докторот прифаќа да биде кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, него му пристапуваат луѓе со потекно од Гевгелија кои се во исклучително блиски односи со структурите на СЈО. Му презентираат на докторот одредени информации, му се закануваат дека ќе го компромитираат во Гевгелија и пред пошироката македонска јавност и само еден ден по прифаќање да биде кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, тој доктор се повлекува. Се прави ново, внатрешно прегрупирање и анализа за тоа кој треба да биде нов кандидат. Се избора нов човек и тој поминува низ истата таа операција, му се закануваат и тој се откажува“, анализира Ефтов.

Во емисијата објави дека поранешниот носител на советничката листа за ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, на овие избори оди со своја независна советничка листа. Таа листа освои околу 2.000 гласови, и тоа ги определува изборите во Гевгелија.

„Чудно е што Томе Кичуков кој е носител на таа листа во 2013-та бил носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија е во исклучително блиски односи со првиот човек од СЈО, Катица Јанева. Односно, поранешниот починат сопруг на Јанева е роден вујко, брат на неговата мајка, на Кичуков. Тој ги определува изборите во Гевгелија, а победува близок роднина на Катица Јанева кој е во роднински, сватовски врски поврзан со неа“, истакна ЕФтов.

Најголем дел од гласачите на Кичуков, констатира новинарот, завршија на контото на СДСМ за избор на градоначалник.

„Тоа е всушност таа операција која со помош на бомбите, со помош на целиот апарат на државен, репресивен начин на функционирањево рамки на Македонија, одредени и видни структури на ВМРО се уценети или натерани да гласаат за другата политичка опција“, заклучува Ефтов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.