Ефтов: Чекавме бомби кои ќе ја расклатат државата, Заев продава илузии

Аналитичарите се согласни дека таканаречените бомби на Заев се издишани и немаат енергија. Ова го потврдува и новинарот Васко Ефтов, кој вели дека јавноста очекувала бомби кои ќе ја расклатат државата, односно дека прес-конференциите на Заев поминувале безначајно.

Ефтов во гостувањето на Телма рече дека самиот факт дека водителката Лупевска повеќе ги вклучувала гостите во студиото, значело како што рече, дека се многу поинтересни од бомбите што се во Универзалната сала.

-Самиот факт дека госпоѓата Лупевска толку не вклучува нас овде, тоа значи дека сме многу поинетресни од бомбите што се таму. Ние чекавме бомби кои ќе ја расклатат државата, рече Ефтов во гостувањето на Телма.

Ефтов додава дека она што во моментов го прави Заев е продавање на илузии и дека за спас има три можности, некој да го спаси, да исплива на рајски остров или да се удави.