Ефтов: Дали Заев и Бобо Дајнерс ќе бараат поништување на своите аболиции?

Новинарот Васко Ефтов преку статус објавен на Фејсбук ја коментираше ситуацијата која настана по одлуката за аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Тој поставува три гледишта. Ефтов поаѓа од фактите дека претседателот Иванов нема  да ја повлече одлуката за широка аболиција, дека поранешниот претседател на државата и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски веќе му испрати писмо на Иванов со кое бара да ја повлече одлуката за негово помилување, а истото денеска го стори и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Ова се фактите, а тезите Ефтов ги поставува на претпоставките дали Верушевски и Бобо Дајнерс ќе го сторат истото. Исто така, прашува како Заев ќе рече дека не го признава Иванов кога Црвенковски го признал со самото испраќање на барањето.

eftov