Ефтов до опозициските медиуми: Ќе ја префарбате ли и изјавата на Вајгл?

Новинарот Васко Ефтов преку статус на социјалната мрежа Фејсбук порача дека со изјавата на европратеникот Иво Вајгл, паѓаат во вода купиштата нарачувани и спонзорирани „анализи“ со кои акцијата во Куманово требало да се покаже како голема режија во која загинале невини жртви.

Имено, европратеникот Иво Вајгл изјавува дека дел од терористите учествувале во џихадистичките операции во Ирак и во Сирија.

vasko

Така тоа обично се прави. Излезе Иво Вајгл, членот на преговарачката тројка за решавање на македонската политичка криза, и во интервјуто за Вечерњи Лист поентираше: Некои од убиените или уапсените во терористичките акции во Куманово се бореле и учествувале во џихадистичките операции во Ирак и во Сирија. Точка. И сега што правиме. Во македонските медиуми беа нарачувани и спонзорирани купишта “анализи” со кои требаше да се прикаже целата акција како голема режија во која загинале невини жртви. И сега Иво Вајгл излегува со ваква теза. И тоа не било кој, туку Иво Вајгл кој од 1988 до 1990 година беше портпарол на Министерството за надворешни работи на поранешна СФРЈ, кога министер за надворешни работи беше Будимир Лончар, а пред десет години Иво Вајгл беше министер за надворешни работи на Словенија. Шу правиме сега? Ќе купите уште сто литри поликолор за да ја префарбате и оваа изјава-интервју на Вајгл. Ќе добиете нови нарачки и спонзорски аранжмани да плукате по кумановската акција. Зарем не гледате дека американската лексика се смени за 180 степени по завршувањето на кумановската операција. И потоа беше пуштена спонзорираната пешадија да прашува каде е командант НАТО. Демек командант НАТО ги земал парите за така режираната акција и потоа си заминал жив и здрав. Шу праиме кога ги гледате снимките како овие терористи, за кои Вагјл вели дека некои од нив војувале во Ирак и Сирија, вчера во Косово се дочекувани со почести и шпалири од знамиња како на времето кога умрениот Јосип Броз Тито се носеше од Љубљана во Белград. И да-мене ми беше забранета „Во Центар“ после емисијата на тема: Како ЦИА ја подготвуваше УЧК. Случајно, напиша Ефтов на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.