Ефтов до СДСМ: Суштината беше да ги ослободите, а не да ги контролирате медиумите

Суштината беше да ги ослободите, а не да ги контролирате медиумитe. Кога сум кажувал дека власта треба да ги тргне рацете од медиумите тоа не значело дека медиумите треба да бидат јавани од Сорос или од опозицијата, порача новинарот Васко Ефтов во неговиот статус на Фејсбук.

eftov-za-mediumite-1

Суштината беше да ги ослободите, а не да ги контролирате медиумите. Да ги исчистите од мегафонштината а не да ги претворите во ваши мегафони. Во што е разликата дали медиумите се контролирани од власта или од Сорос!? Во ништо. Кога сум кажувал дека власта треба да ги тргне рацете од медиумите тоа не значело дека медиумите треба да бидат јавани од Сорос или од опозицијата. Власта барем имаше некоја ( за мене погрешна ) но сепак политичка логика – ние сме победиле на изборите.

Која е логиката на опозицијата!? Или на Сорос!? Да бидат омилени во јавноста и меѓу гласачите како нацистите меѓу Евреите, а медиумите да ги контролираат повеќе од Груевски. Видите во држава каде на сите анкети повеќе од 70 отсто од граѓаните сакаат повеќе економија од демократија само на политички дилетант не му е јасно дека медиумите ни приближно је немаат таа сила и тоа влијание врз изборните процеси.

И со овие баранја опозицијата и меѓународната заедница не покажуваат дека сакаат да го демонтираат влијанието на власта и Груевски во медиумите туку сакаат и жалат што тоа влијание не е во нивни раце.

Се извинувам но овој пат жртва на тие бомби нема да биде власта туку македонската демократија бидејки сега и странците и опозицијата го глорифицираат моделот на Груевски кој десет години го критикуваа.

Сега тие ќе сакаат да го глумат Груевски а Груевски ке им глуми демократ. Верувајте ова на крајот ќе биде теско салто мортале. Ќе биде бомба која му експлодирала на бомбашот во раце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.