среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Ефтов: Клучот за Македонија е кај граѓаните, не кај Катица Јанева

Ве мо­лам да раз­бе­ре­те ед­на ра­бо­та – ова не е ин­ци­дент, ова е сис­тем. Сис­тем на кој се ра­бо­ти дол­го вре­ме и кој се­га се тес­ти­ра во Ма­ке­до­ни­ја. Kа­ти­ца е са­мо фор­ма­та или мас­ка­та пре­ку ко­ја се­га дејс­тву­ва тој сис­тем. По­тоа ќе би­де за­ме­не­та со по­со­од­вет­на ма­ска. Kо­га ќе дој­де вре­ме. Но суш­ти­на­та на сис­те­мот ќе ос­та­не не­чеп­на­та, ве­ли Ва­ско Еф­тов во раз­го­во­р за „Днев­ник“.

ефтов

Поврзани вести

Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто објавено во денешниот број на „Дневник“, во кое се вели дека весникот се решил да одговори на молбата на Ефтов испратена до две те­ле­ви­зии, а во која тој бара тие да му от­ста­пат прос­тор за да ја по­фа­ли Ја­не­ва, па по­тоа да до­бие вра­бо­ту­ва­ње за не­го­ва­та соп­ру­га.

 

-Гле­да­те што се слу­чу­ва ко­га кла­си­чен на­тур­шчик ви ста­ну­ва гла­вен по­ли­тич­ки фак­тор во др­жа­ва­та. То­гаш го до­би­ва­те Са­ше По­ли­ти­ко во об­ви­ни­тел­ска рол­ја. И тоа ли­чи на оние гро­тес­кни сце­ни од фил­мо­ви­те на Фе­ли­ни ка­де што тој на еден фин ита­ли­јан­ски на­чин ја ис­ме­ва ре­ал­нос­та во ита­ли­јан­ска­та про­вин­ци­ја. Во на­ши­от слу­чај ста­ну­ва збор за кла­си­чен про­вин­ци­ја­ли­зам (ка­ко ду­хов­на, а не ге­ог­раф­ска ди­мен­зи­ја од ти­пот Скоп­је-ос­та­то­кот од Ма­ке­до­ни­ја) и по­ли­тич­ки при­ми­ти­ви­зам во вр­ше­ње на фун­кци­ја­та.

Јас по­ве­ќе па­ти сум ка­жал де­ка ста­ну­ва збор за од­лич­но раз­ра­бо­тен сис­тем ко­га из­бра­ни мар­ги­нал­ци пре­ку ноќ ги про­мо­ви­ра­те во моќ­ни иг­ра­чи. И тоа пос­ле ли­чи ка­ко на онаа сце­на ко­га на Љу­бе Бош­ков­ски на стре­лиш­те­то во Мав­ро­во му да­доа да пу­ка од пуш­ко­мит­ра­лез. Тие иг­ра­чи по­тоа пси­хо­лош­ки се фор­ма­ти­ра­ат де­ка се нај­сил­ни, нај­доб­ри, нај­моќ­ни и од Гос­под пра­те­ни да ја спа­сат Ма­ке­до­ни­ја.

Еден црп­нат од Стру­ми­ца, дру­га од Гев­ге­ли­ја, трет од не­кое дру­го мес­то во Ма­ке­до­ни­ја. И ко­га тие лу­ѓе ќе ги до­не­се­те до пси­хо­лош­ка ек­ста­за, де­ка ниш­то во др­жа­ва­та не мо­же да фун­кци­о­ни­ра без нив, тие то­гаш ста­ну­ва­ат на­ши ло­кал­ни ко­пии на Kра­лот на сон­це­то или Луј 16 и за­тоа не гле­да­ат ниш­то ло­шо во па­ро­ла­та „Др­жа­ва­та – тоа сум јас“. За­тоа ед­но ев­ро оди за др­жа­ва­та, а ед­но за Ви­це­то. За­тоа вра­бо­ту­ва­ње­то на вну­кот не е не­по­ти­зам би­деј­ќи не е не­по­ти­зам ако род­ни­на си вра­бо­ту­ваш во се­меј­на фир­ма, а СЈО е ток­му тоа, се­меј­на фир­ма на Ја­не­ва.

Д: Ама, доб­ро се­га, при тол­ка­ва жрт­ва што СЈО ја под­не­су­ва, еден внук мо­же­би и не е го­ле­ма ра­бо­та?

– Проб­ле­мот е во тоа што ко­га се­то тоа ќе се со­бе­ре, ние до­би­ва­ме си­ту­а­ци­ја ко­га цел­но се ата­ку­ва на не­кол­ку клуч­ни фун­да­мен­ти на др­жа­ва­та од стра­на на овие Бош­ко Бу­ха-иг­ра­чи кои се ох­раб­ру­ва­ни и во ѕвез­ди ко­ва­ни и про­мо­ви­ра­ни од це­ла бу­лу­мен­та иг­ра­чи кои се пла­те­ни со Со­ро­со­ви или стран­ски па­ри. Тие од нив пра­ват хе­рои и хе­рој­ки и тие фун­кци­о­ни­ра­ат во тој соз­да­ден ме­ур од са­пу­ни­ца. Го гу­бат кон­так­тот со ре­ал­нос­та и поч­ну­ва­ат да соз­да­ва­ат сво­ја или но­ва ре­ал­ност.

Таа ре­ал­ност под­раз­би­ра две Ма­ке­до­нии кои фун­кци­о­ни­ра­ат па­ра­лел­но ед­на со дру­га. Вис­ти­на­та што ва­жи во ед­на­та Ма­ке­до­ни­ја е теш­ка ла­га во дру­га­та Ма­ке­до­ни­ја. Из­бор­ни­те ре­зул­та­ти што ва­жат во ед­на­та се теш­ка из­бор­на краж­ба во дру­га­та Ма­ке­до­ни­ја. И тоа се тие две по­де­ле­ни Ма­ке­до­нии на кои ин­сис­ти­ра Фрч­ко­ски пред две го­ди­ни. Тие две Ма­ке­до­нии ќе би­дат во кон­фликт и пред и по из­бо­ри­те. За да не би­дат во кон­фликт, две­те Ма­ке­до­нии тре­ба да би­дат сед­на­ти во ис­та вла­да. Таа ќе се ви­ка ши­ро­ка, кон­цен­тра­ци­о­на или нај­блис­ку до вис­ти­на­та – ка­ти­ца-ја­нев­ска вла­да. И та­ка кру­гот се зат­во­ра.

За жал или за сре­ќа, кре­да­та со ко­ја се цр­та кру­гот на ма­ке­дон­ска­та зем­ја е во ра­це­те на гра­ѓа­ни­те, а не во ра­це­те на Kа­ти­ца Ја­не­ва, иа­ко јас сум си­гу­рен де­ка во фа­за­та во ко­ја се на­о­ѓа Ја­не­ва за се­бе мис­ли де­ка е по­до­бар сли­кар и од Пи­ка­со и Да­ли за­ед­но.

Д: Ако е са­мо Ја­не­ва проб­лем, тој лес­но се ре­ша­ва со сме­на. Но, да­ли е баш та­ка?

– Ток­му тоа. Ве мо­лам да раз­бе­ре­те ед­на ра­бо­та – ова не е ин­ци­дент, ова е сис­тем. Сис­тем на кој се ра­бо­ти дол­го вре­ме и кој се­га се тес­ти­ра во Ма­ке­до­ни­ја. Kа­ти­ца е са­мо фор­ма­та или мас­ка­та пре­ку ко­ја се­га дејс­тву­ва тој сис­тем. По­тоа ќе би­де за­ме­не­та со по­со­од­вет­на ма­ска. Kо­га ќе дој­де вре­ме. Но суш­ти­на­та на сис­те­мот ќе ос­та­не не­чеп­на­та.

Најчитани вести