петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Ефтов: Луксуз ќе биде ако дозволиме државата да ни ја роварат разни платенички орди

vasko_eftov

Последни вести

Новинарот Васко Ефтов денеска на својот Фексбук профил ја пренесе оваа порака: Ќе биде голем луксуз за нашиот опстанок ако си дозволиме во четврт век или во 25 години два пати да дозволиме да ни ја растураат државата разни платенички орди.

eftov-1

-Вчерашната емисија за Јованка Броз ја емитував сакајќи да ви испратам една порака: Ние кои сме сега во “најубавите години од нашите животи” до пред 25 години живеевме во една многу убава држава која се распадна. Се растури како кула од карти бидејќи не беше отпорна на роварењето на внатрешните паразити и не можеше да го издржи тестот на времето дека се наоѓа на патот на Истокот и Западот. Тука се вкрстуваа две моќни цивилизации и таму каде трчаат слоновите секогаш е изгазена тревата. Сега живееме во друга држава-наша држава која сме ја немале со векови и која ја сакаме исто ако не и повеќе од таа која ни се растури пред 25 години. И пак ја роварат внатрешни паразити и пак ја газат бидејќи се наоѓа на таа линија на фронтот меѓу големите сили и нивните зони на влијание. Ќе биде голем луксуз за нашиот опстанок ако си дозволиме во четврт век или во 25 години два пати да дозволиме да ни ја растураат државата разни платенички орди, напиша Ефтов на Фејсбук.

Најчитани вести