недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Ефтов: Не ми пречи Заев да се пише и како Албанец, но кога станува збор за државна политика тоа e сериозно

Ако направиме одредена политичка анализа кои се мотивите за тоа што го прави, едниот мотив на пример да е гласови, но колку гласови Заев со таквите изјави може да добие. На крајот на краиштата на Заев му требаат гласови во четвртата изборна единица, бидејќи таму се определува кој ќе биде новиот премиер на Република Македонија, а таму не гласаат Албанци.

eftov-1

Последни вести

Не стивнуваат реакциите во јавноста по изјавите на опозицискиот лидер за двојазичноста, новиот Рамковен договор, федерализацијата и обвинувањата на сметка на Македонија за односите со соседите.

Последната таква изјава Заев ја имаше пред албанската и македонската дијаспора во Берн, од каде порача дека ќе бара проширување на рамките на Охридскиот договор за поголема еднаквост и рамноправност во земјава.

Новинарот Васко Ефтов смета дека целта не е само привлекување на што е можно поголем број албански гласови, туку и предизвикување на внатреалбански конфликт.
-Мене не ми пречи Заев да биде Заколи, на пописот да се пише како Албанец, но кога станува збор за една државна политика, таа работа станува сериозна. Ако направиме одредена политичка анализа кои се мотивите за тоа што го прави, едниот мотив на пример да е гласови, но колку гласови Заев со таквите изјави може да добие. На крајот на краиштата на Заев му требаат гласови во четвртата изборна единица, бидејќи таму се определува кој ќе биде новиот премиер на Република Македонија, а таму не гласаат Албанци. Втората можност е да добие пари, но толку многу фирми се изрекетирани во изминативе две години што СДСМ сега има сериозно многу пари со кои ќе истрча на изборите. Третата можност е тој да се чувствува визионерски. И тука е онаа клучна улога на еден од членовите на синодот на Македонската Православна Црква кој според сите сознанија е сериозно вмрежен во повеќе регионални и светски агентури, тоа е оној духовен татко на Зоран Заев кој му ја развива онаа теза дека он е црпнат од нива и донесен да ја среди, да ја реши Македонија. И четвртото по мене најопасното Зоран Заев со ова сака да предизвика внатреалбански конфликт. Значи тој со ова го дразни албанското гласачко тело, ги драматизира состојбите внатре во албанскиот политички блок и тоа му е единствена шанса да бидат пролонгирани на еден или на друг начин изборите во рамки на Република Македонија или да биде направена одредена конфликтна ситуација која може да влијае на изборите или во текот на изборите, вели Ефтов за Канал 5.

Најчитани вести