Ефтов: Очигледно е дека во СДСМ се се заснова на материјална корист

Новинарот Васко Ефтов, кој е долгогодишен познавач на ситуацијата во опозицијата, посебно во СДСМ, во вчерашната емисија „Во Центар“ обеледени дека конфликтот во СДСМ секогаш кога се на власт се заснова на тоа кој поубав автомобил ќе вози и кој на подобра директорска фотеља ќе седи.

Во вчерашната емисија ,,Во Центар” гостин беше Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ Мики Вуиќ, кој воедно е и главен партиски адвокат на СДСМ. Ефтов на мошне илустративен начин посочи доколку СДСМ  имаат можност сега да влезат во Влада и од емисија трчајќи ќе излезат и микрофон ќе фрлат само што побргу да стигнат во Влада.

Значи многу тврди сте за влагање у Влада, па сега да ве викнат у Влада ќе фрлите тука и микрофон ќе фрлите се… Па побрзо од овој Усеин Болт има да се истрчате у Владата ќе влезете. И медиуми ќе продадете и избирачки список само да сте дел од власта, Ауди да се паркира по можност 8-ца.

Ефтов, кој е долгогодишен познавач на ситуацијата во опозицијата, посебно во СДСМ, обеледенува дека конфликтот во СДСМ секогаш кога се на власт се заснова кој поубав автомобил ќе вози и кој на подобра директоркса фотеља ќе седи. На сево ова Вуиќ само благо се смешкаше.

Господине Вуиќ некаде кога СДСМ е дел од Широката Влада има во порталите блиски на СДСМ конфликт , кај што се напаѓа од една страна Ременски, од друга страна Оливер Спасовски. Знаете зошто е конфликтот, бидејки на Ременски не и се даде поубаво Ауди, тука е основата на конфликтот, значи пазете партија која е градена на фотељиче, на Ауди, на одредени ВИП третманиитни… Сега вие велите поставуваа услови за влагање во власта,  ама трчечки ќе влезете у власта.

Многу очигледно е дека во СДСМ се се заснова на чиста материјална корист посебно ако се земе в предвид дека Фросина Ременски, која беше Технички Министер од оваа партија во ,,Широката Пржинска Влада” првично била член на ВМРО-ДПМНЕ, за потоа да биде и Потпретседател на СМК (Светскиот Македонски Конгрес), но очигледно дека ни во ВМРО-ДПМНЕ, ни во СМК не можеле да и ги задоволат нејзините големи апетити за скапи автомобили, високи државни позиции и скапи ВИП третмани, па морала да отиде во партијата која ги има сите овие карактеристики.