Македонија

Ефтов: Опозицијата не успева да ја продаде својата приказна

Ефтов: Опозицијата не успева да ја продаде својата приказна

СДСМ преку бомбите се обидува да предизвика интерес на меѓународната заедница на повисоко ниво, и самата опозиција тоа го кажува јавно и не го крие, посочи новинарот Васко Ефтов, во емсијата „Акцент“ на Македонската-радио телевизија.

Според Ефтов опозицијата не успева да ја продаде својата приказна.

– Мора да имате одредена стратегија како тоа го правите, значи генерално имате угинување за странски заговор. На линк на телевизија Телма кога е директен пренос вие го појавувате Кире Наумов кој бил директор на Агенција за разузнавање, значи малку политичка вештина треба да вклучите, дека не можете бивш директор на Агенција за разузнавање да вклучувате на линк да дава политички ставови, кога другата страна, односно Власта ве обвинува за странски заговор во рамки на Р.Македонија. Втора работа дава интервју за бугарски Фокус каде газда и основач е човекот кој бил агент на бугарско воено разузнавање Красимир Узунов и таму кажува дека се прислушкувани два американски амбасадори, па нема амбасадор во светот што не е прислушкуван, посочи Ефтов.

Според него, токму затоа амбасадорите одат на обуки во Министерство за внатрешни и надворешни работи пред да одат на своја мисија во одредена држава и имаат криптирани телефони и шифрирана азбука.