Ефтов отвора нова афера – Фабрика 2

Еминентниот новина, кој во јавноста важи за еден од главните поддржувачи на СДСМ во медиумскиот простор Васко Ефтов, отвора нова афера во која според него, вклучен е СДСМ под раководство на Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Тој, во интервју за Утрински весник, истакнува дека постојат поголем број новинари кои се организирани во одредена групација која тој jа нарекува „Фабрика 2“, а која пак има за цел жестока критика кон Владата и поддршка на СДСМ.

Групацијата која била во тесна соработка со СДСМ, според Ефтов е координирана од еден центар во кој силно влијание имал и уредникот на албанската Алсат ТВ, Мухамед Зекири.

-Не гледам назнаки дека некој во СДСМ има лидерски амбиции да го наследи Заев. Повеќе гледам тактика да биде оставен Заев да потоне со својата погрешна стратегија. Но, мислам дека е видлива една друга тенденција, а тоа е обидот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска преку формирање „фабрика 2“ да го исплукаат и медиумски линчуваат секој што не размислува или не се согласува со нивната политика. Не треба да бидеме наивни и да не гледаме дека во тој проект „фабрика 2“ се регрутирани многу новинари кои беа дел и од проектот „фабрика 1“ на Владо Бучковски. Во најголем дел, во тој проект „фабрика 2“ се регрутирани новинари кои работат во медиуми финансирани од Фондацијата „Сорос“, новинари кои се блиски на таа Фондација или новинари кои работат на проекти финансирани од странски грантови. Анализата на уредувачката политика на Алсат М остава простор за сомнеж дека дел од уредувачкиот тим на телевизијата е битен фактор во тој проект „фабрика 2“. Случајно или намерно, името на главниот уредник на Алсат М, во анкетите на опозицискиот неделник „Фокус“, беше споменато како иден директор на Македонската радио-телевизија, во случај опозицијата да ја преземе власта во државата. И лани, кога беше аферата со Македонска банка, и денес Алсат М се јавува како носач на авиони за политиката на Зоран Заев, вели Ефтов во интервјуто за Утрински весник.

Аферата за која говори Ефтов, потсетува на „Фабрика 1“ во која тогашната влада на СДСМ ангажираше новинари. Медиумите тогаш пишуваат дека дел од нив се Борјан Јовановски, Сабина Факиќ, Герман Филков. Ова не е прв случај каде се забележува тесната соработка на новинари со СДСМ.

Јавноста веќе имаше можност да слушне за новинарката Оливера Трајковска која има фирма со пратеничката на СДСМ Софија Куновска, за Роберт Поповски кој е директор на прес службата на СДСМ, како и Весна Ковачевска- Трпчевска.

„Фабрика 2“, новата афера на повидок, покажува дека опозицијата иако декларативно се залага за слобода на говорот, на дело го покажува спротивното. СДСМ со своите постапки се демантира покажувајќи дека контролира и финансира новинари кои одработуваат за партиските интереси на лидерот на СДСМ, Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.