Македонија

Ефтов предвреме го пензионираше Жерновски

Ефтов предвреме го пензионираше Жерновски

Еден од најголемите поддржувачи на опозицијата, новинарот Васко Ефтов преку својата Фејсбук фан страна предвреме го пензионираше лидерот на ЛДП и градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски.

– Времето ви наметнува одредени улоги. Од вас зависи дали тие улоги ќе ги одиграте како што треба или ќе потонете. После ланската победа во Општина Центар беше јасно дека Андреј Жерновски ќе биде или лидер на опозицијата или ќе биде политички пензиониран. Во изминатите 18 месеци Жерновски покажа дека нема капацитет да биде лидер на опозицијата и сега останува да го следиме неговото политичко пензионирање. За само 18 месеци го помина патот од ѕвезда и победник на локалните избори до политчар кој размислува дали ќе се кандидира на следниот конгрес на ЛДП. И за тоа треба да се има талент, напиша Васко Ефтов на својата официјална Фејсбук фан страна.

eftov-nova

Покрај критиките од новинарот Ефтов, Жерновски изминатиот период беше мета на остри критики и од граѓаните на Општина Центар за огромната сума на пари потрошени за боемската улица, која чинеше близу половина милион евра.