Ефтов: СДСМ креира лажен оптимизам

Новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во Центар“ вели дека опозициската СДСМ на своето членство му дава лажен оптимизам.

Веќе две или три години, Зоран Заев и СДСМ водат перманентни кампањи на создавање лажен оптимизам. Се сеќавате како беше пред 2 години, дека Стево Пендаровски е сигурен победник на изборите односно во првиот круг на претседателските избори, се сеќавате каква кампања се водеше сега до пред 10 дена дека постојат 500 000 фантомски гласови, сега се поставува клучно прашањето: Дали СДСМ овој пат ќе погоди или ќе промаши повторно со таа кампања на создавање лажен оптимизам, вели Ефтов во емисијата.