Ефтов: Наместо СДСМ на преговарачка маса да седне Сорос

Во Виена мора да се одговори дали Договорот од Пржино се уште постои, ако не постои кој го прекршува и зошто неговите гаранти, меѓународната заедница, не врши притисок врз страната која го прекршува договорот, смета политичкиот аналитичар и новинар Васко Ефтов анализирајќи ги последните случувања во пресрет на лидерската средба закажана за в петок во Виена.

Ефтов за Канал 5 вели дека стратешка грешка во целиот договор кој што требаше да стави крај на политилчката криза е што наместо СДСМ меѓународната заедница треба да го покани Сорос на преговарачка маса, бидејќи очигледно е дека тие ги кројат политиките на опозицијата.

Последните истражувања на јавното мислење, вели Ефтов, покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ има предност од околу 170 илјади гласа во однос на СДСМ и според него изборите ќе се пролонгираат, а со тоа и политичката криза се додека таа разлика не се преполови.

Политичките аналитичари сметаат дека државата не доби ништо и од претходното одложување на изборите од 24- ти април на 5-јуни. Туку спротивно, државата се внесува во се’ подлабока криза со секојдневни протести на кои се случува насилство, вандализам, оштетување на објекти и имот.

Познавачите сметаат дека ново одложување на изборите ќе значи и зголемување и продолжување на хулиганството и вандализмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.