Ефтов: Специјалниот јавен обвинител ќе има мандат за да нема судење за Заев

Специјалниот јавен обвинител ќе има мандат за да нема судење за Заев. Ова накратко е коментарот на новинарот Васко Ефтов на неговиот Фејсбук профил, по повод актуелните политички теми во земјава, поврзани со изборот на специјалниот јавен обвинител, нешто што беше наложено со договорот од Пржино.

Специјалниот јавен обвинител ќе има мандат за да нема судење за Заев.
Специјалниот јавен обвинител ќе има мандат за да нема судење за Заев.

На крајот Специјалниот Јавен Обвинител ќе има мандат каков што му беше предвиден: Да нема судење за Зоран Заев и неговите блиски роднини. Се останато се приказни за мали деца, вели Ефтов.

Основен суд Скопје 1: Доказите за прислушување се незаконски прибавени

Коментарот на Ефтов следи откако претходно Основниот суд Скопје 1 ги отфрли материјалите на Заев како незаконски прибавени докази. Во вторникот Основниот суд Скопје 1 по пат на писмено соопштение ја извести јавноста за оваа одлука.

Основен суд Скопје 1: Доказите за прислушување се незаконски прибавени
Основен суд Скопје 1: Доказите за прислушување се незаконски прибавени

Снимките од телефонски разговори приложени како доказ во предметите за сторено кривично дело треба да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука, велат од Основен суд Скопје 1.

И опозиционерите правници категорични дека снимките не се докази

И опозиционерите правници се категорични дека материјалите на Заев, односно аудио снимките не се докази.

И опозиционерите правници категорични дека снимките не се докази
И опозиционерите правници категорични дека снимките не се докази

Според правните експерти, по одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли како неосновани сите докази во предметот „Прислушување“, специјалниот јавен обвинител би можел да го стори истото коешто би го сторил и без оваа одлука. Кој било просечен обвинител не би помислил објавените снимки да ги користи како доказ, туку тие се појдовна основа за истражување.

Ова е оценката на долгогодишниот адвокат Александар Тортевски, кој важи за близок за опозицијата.

Кој било просечен обвинител не би помислил објавените снимки да ги користи како доказ, оценува долгогодишниот адвокат Александар Тортевски во изјава за Радио Слободна Европа.

Тој додава дека и без ова решение, тие докази не можеле да се користат во постапката.

И без ова решение тие докази не можеа да се користат во постапката и на нив не може да се заснова судска пресуда, вели Тортевски.

Инаку, токму Тортевски во јавноста важи за поддржувач на опозицијата и критичар на владејачката партија, а опозицијата токму него го фаворизира, како човекот што би можел да ја извршува функцијата специјален јавен обвинител.