петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Ефтов: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не можат да бидат поразени од ова криминализираната СДСМ

Ваква криминална збирштина каква што е сега збрана и залепена до раководството на СДСМ не се памети во македонската историја. Тој криминален џган не знае поинаку да делува освен да го криминализира политичкиот и медиумскиот простор. Да биде Груевски поразен на избори мора да биде прво декриминализирана опозицијата и СДСМ. За жал тоа нема да се случи толку брзо, пишува на својот ФБ профил новинарот Васко Ефтов во статус каде посочува дека техничкиот министер за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски забранил интервју со шефот на секторот за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи

ефтов

Поврзани вести

Во продолжение целосниот статус на Ефтов…. 

Вчера побарав интервју со шефот на секторот за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи. Се слушнавме по телефон. Беше многу љубезен и имаше само дилема дали да ми одговори писмено на прашањата или да снимиме класично телевизиско интервју.

Како што е редот испратив писмено барање до Секторот за односи со јавноста во МВР за да биде одобрено ( добиена согласност ) за негово гостување во мојата емисија. Бидејќи ми беше сугерирано дека согласноста ќе треба да биде одобрена од директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, по СМС порака го замолив Чавков таа работа да биде брзо и позитивно решена, за што добив негов позитивен одговор.

Бидејќи, вчера, до 14 часот и 30 минути не ми беше испратена писмена согласност за интервјуто се јавив кај портпаролите на МВР каде ми беше кажано дека барањето е испратено на одобрување кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Бидејќи не сум од вчера, јас во 14 часот и 44 минути му испратив СМС порака на министерот. За некоја минута Спасовски ми врати порака со следната содржина: Ќе побарам да го видам барањето. Сабајлево, некаде кај 10 часот, добив негативен одговор дека не е одобрено снимање на интервју со шефот на секторот за компјутерски криминал при МВР. Што мислите зошто министер за внатрешни работи би имал против шефот на комјутерски криминал да гостува во мојата емисија!? А нема ништо против да се слика со Чаушот кај кого беа пронајдени докази за драматичен компјутерски криминал-снимки од прислушкувани разговори. Нема ништо против да седи рамо до рамо со Верушевски кој во два наврати е фатен како спроведува класичен компјутрерски криминал-прислушкување.

Зошто би имал против јас да правам интервју за компјутерски криминал. За црниот интернет. За хакирање. за прислушкување итн. Значи криминалците можат да бидат удостојувани со вниманието на министерот и да бидат од него третирани како Гоце Делчев и Даме Груев заедно, но јас сум неподобен.

Види богати 🙂 Кога во март 2015 година ви кажав дека оваа раководство на СДСМ ( каде Спасовски е еден од тројцата најважни функционери заедно со Заев и Шекеринска ) работеше и бараше забранување на мојата емисија на Алсат М Телевизија, доаѓавте и се каравте со мене дека измислувам. Но кога пред еден месец тогашниот главен уредник на Алсат М беше избран како нов член на Извршниот Одбор на СДСМ не дојдовте да кажете: Извини си бил во право! Ме прашувате за моите емисии од 2006 до 2013 година ( кога Заев, Шекеринска и Спасовски дојдоа на чело на СДСМ ). Да јас се гордеам со моите емисии до 2013 година бидејќи Груевски и ВМРО ја заслужија целата критика која ја добиваа во моите емисии. Како што се гордеам со моите емисии од 2013 до денес кога ви кажувам дека ВМРО и Груевски не можат да бидат поразени од оваа криминализирано СДСМ. Ваква криминална збирштина каква што е сега збрана и залепена до раководството на СДСМ не се памети во македонската историја. Тој криминален џган не знае поинаку да делува освен да го криминализира политичкиот и медиумскиот простор. Да биде Груевски поразен на избори мора да биде прво декриминализирана опозицијата и СДСМ. За жал тоа нема да се случи толку брзо.

Најчитани вести