Егејско Море фатени 108 илегални мигранти

Најмалку 108 илегални мигранти биле спасени или приведени во Егејско Море или по брегот на грчките острови од четвртокот до сега, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на грчката поморска стража, пренесе МИА.

Вчераутро чамец на поморските патроли спасил 43 мигранти, меѓу кои и две бремени жени и нивните деца. Тие биле откриени на чамец на дување во Егејско Море, крај островот Лезбос.

Во петокот вечерта, пак, крај Лезбос биле фатени девет илегални мигранти и нивниот 17-годишен предводник.

Единаесет мигранти без документи биле фатени на самиот остров Лезбос во петокот утрината.

На соседниот остров Иос биле фатени двајца мигранти, а подолу на југ во Егејско Море, група од 18 мигранти беше откриена на ненаселен остров со површина од пет квадратни километри во близина на островот Самос.

Други 10 мигранти биле најдени, исто така, на мал ненаселен остров во близина на Калимнос.

Во истиот сектор 15 илегални мигранти беа спасени од импровизиран пловен сад во регионот на Родос.

Поради засилената контрола долж грчко-турската копнена граница, зачестија обидите на мигрантите да го „пресконат“ Егејско море од Турција за Грција.