Свет

Египет: 22 лица од „Муслимански браќа“ осудени на смрт

Египет: 22 лица од „Муслимански браќа“ осудени на смрт

Вкупно 22 раководни лица и членови на исламистичкото движење „Муслимански браќа“, вклучително лидерот Мохамед Бадија, се осудени на смрт во Египет, соопштија локалните медиуми и адвокати.

Вкупно 14 од смртните пресуди се изречени од суд во јужниот дел на главниот град Каиро за планирање на насилни дејствија против државата, пренесе МИА.

Меѓу обвинетите е и Мохамед Бадија 71-годишен верски лидер на „Муслимански браќа“, кој веќе има една смртна и четири доживотни пресуди.

Друг египетски суд, во градот Мансура, северно од Каиро, осуди на смрт осум активисти на движењето за создавање на терористички ќелии.