Египет: Абдел Фатах ал Сиси се откажува од претседателската трка?

Новиот египетски премиер Ибрахим Махлаб, преназначи неколку министри во новиот кабинет, пренесе „Ројтерс“.

Меѓу преназначените се министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим, министерот за нафтата Шериф Исмаил и министерот за планирање Ашраф ал Араби.

Според анонимен извор генералот Абдел Фатах ал Сиси ќе ја задржи функцијата како министер за одбрана. На овој начин се демантирааат претпоставките дека Ал Сиси ќе ја напушти функцијата, за да учествува во претседателските избори, за кои се велеше дека е еден од фаворитите кои би однел убедлива победа.