Египет демантира дека на Амал и се заканувале со затворска казна

Властите во Каиро демантираа дека и се заканувале на британската адвокатка Амал Клуни со затворска казна.

Амал Клуни, сопругата на американскиот актер Џорџ Клуни која брани еден новинар на Ал Џезира, вчера изјави дека египетските власти и се заканувале со казна затвор пред објавувањето на нејзиниот критички извештај за египетското судство.

„Египетските власти ме прашаа дали ја критикувам војската, судството или владата во својот извештај. Одговорив потврдно, по што од Каиро ми јавија дека постои можност да бидам уапсена веднаш штом ќе дојдам во земјата“, изјави Амал Клуни во интервјуто за Гардијан.

„Египетските власти не ја спречија Амал Клуни да дојде во Египет. Не постојат никакви мерки кои што би го попречиле нејзиното доаѓање. Таа може да дојде во секој миг“, се вели во денешното соопштение што беше пренесено од страна на агенцијата Мена.

Во извештајот кој беше објавен на 10 ти февруари минатата година Амал Клуни го критикува недостатокот на независноста во египетското правосудство затоа што нејзиниот клиент Мухамед Фахми е жртва на системот во кој самите власти ги бираат судиите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.