Египет: Осудени 63 поддржувачи на „Муслиманските браќа“

Египетскиот суд денеска осуди на три години затвор 63 поддржувачи на исламистичкото движење „Муслимански браќа“, пренесе „Ројтерс“.

Осудените се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, за учество во нереди и поседување на оружје. За прв пат толку голем број поддржувачи на исламистите се осудени во рамките на едно дело.