Египет протера десетина жени активистки кои сакаа да го одбележат 8-ми Mарт во Газа

Египет денеска депортираше десетина жени активистки кои допатувале со авион во Kаиро, но не им е дозволено да влезат во таа земја, преку која имале намера да стигнат до соседниот појас Газа, изјавија официјалните лица задолжени за аеродромот.

Околу 100 жени главно од Европа и САД се надеваат дека ќе влезат на палестинска територија преку граничниот премин Рафа за да слават утре 8-ми Март. Единаесет жени се вратени во Истанбул, 22 во Париз и шест во Франкфурт.

Тие се меѓу 65 активистки протерани во последните 24 часа.Египетските власти им апелираа на жените да се откажат од патувањето од безбедносни причини.

Ен Врајт организаторката на патувањата изјави за АФП дека има осум Американки во Каиро и дека некои од нив чекаат да видат дали ќе можат да го продолжат патувањето. Таа додаде дека некои од нив наредните неколку дена ќе се вратат дома, но некои ќе почекаат да видат дали владата во Каиро ќе ги пушти да одат во Рафа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.