Египет: Сабахи го призна поразот, но укажува на низа нерегуларности

Иако официјалните резултати од претседателските избори во Египет сеуште не се соопштени, изборниот штаб на Абдел Фатах ел Сиси соопшти дека поранешниот командант на египетската војска освоил 93 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат само 3 отсто.

Сабахи беше едиснтвениот противкандидат на ел Сиси за претседателските избори. Тој денеска го призна својот пораз и оцени дека досеганиште резултати „им ја нарведуваат интелигенцијата на Египјаните“.

Изборниот штаб на Сабахи поднел и жалба до изборната комисија поради нерегуларности, како во изборната кампања, така и поради присуството на ел Сиси и неговите луѓе на избирачките места.

Сабахи исто така побара и поништување на гласовите од третиот ден, бидејќи првобитно властите соопштиле дека изборите ќе траат само два дена. Тие во последен момент донеле одлука изборите да траат уште еден ден поради слабиот одзив на гласачите.