Египет: Седум уапсени поради силување на деветнаесетгодишно девојче

силување

Полицијата во Египет денеска уапси седум мажи кои вчера силувале деветнаесетгодишно девојче на плоштадот Тахрир во Каиро.

По нападот девојчето било примено во болница. Напаѓачите се на возраст меѓу 15 и 49 години.

Снимката предизвика гневни реакции во јавноста, исто како и видеото објавено на новинарските сајтови, во кое репортер на приватна телевизија, кој известувал од плоштадот Тахрир, на водителката на вестите во студиото и вели дека на плоштадот има многу случаи на силувања во текот на свеченостите по повод стапувањето на должноста на Сиси. Водителката на тоа одговара дека насилството најверојатно се должи на тоа што луѓето едноставно „се среќни и се веселат“.