Египет: Нема докази за тероризам во соборувањето на рускиот патнички авион

Египет информира дека досега не е пронајден доказ за терористички или други илегални дејствија поврзани со уривањето на рускиот патнички авион во Синај, во кој животот го загубија 224 лица.

Египет: Нема докази за тероризам во соборувањето на рускиот патнички авион
Египет: Нема докази за тероризам во соборувањето на рускиот патнички авион

Руската влада и западните влади претходно информираа дека најверојатно Ербасот бил соборен од бомба, а ИСламска Држава тврдеше дека ставила бомба на летот. Сепак, денес Министертството за цивилно воздухопловство на Египет изјави дека го завршило прелиминарниот извештај за уривањето на авионот и дека нема докази за криминални дејствија, пренесува британски „Гардијан“.

Технолошкиот истражувачки комитет досега не нашол ништо што би индицирало некаква илегална интервенција или терористичка акција, се вели во извештајот на министерството.