Египет: Уапсени тројца новинари

Египетската полиција упасила тројца новинари од телевизијата „Ал Џезеира“ кои работат во Каиро, вклучувајќи го уредникот на телевизијата во Каиро, Мoхамед Фадел Фахми.

Министерството за внатрешни работи на Египет, соопшти дека новинарите имале незаконски средби со забранетото движење „Муслимански браќа“ и дека се обвинети за „нарушување на националната безбедност“.

Покрај Мохамед Фадел Фахми, кој има канадско државјанство, уапсени се и Питер Гресте, Австралијанец кој претходно работел за „Би-Би-Си“ и неименуван снимател, чии камери и снимени материјали биле запленети.

„Муслиманските браќа“, движење кое што го поддржува поранешниот претседател Мохамед Морси, минатата недела се прогласени за терористичка организација.

Привремената влада, од симнувањето од власт на Морси во јули, уапсила илјадници членови и лидери на „Муслиманските браќа“, а за голем дел од нив е започнато судење.