Египет – враќање кон демократијата?

Се враќа ли Египет кон демократијата? Денеска во земјата започна дводневен референдум за донесување на новиот Устав на земјата, пишува германското списание „Фокус“.

Проектот предвидува повеќе права за граѓаните кои сепак, по оценка на активистите, обезбедува привилегии и на бездруго моќната армија.

Речиси 53 милиони египетски граѓани имаат право да гласаат за новиот Устав. Во двата изборни денови 30 илјади избирачки места ќе бидат набљудувани од речиси 14.000 судии и ќе бидат обезбедувани од 160.0000 припадници на силите за безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.