Египет: Загинале три лица кои планирале терористички напад

Три лица загинале кога во камион експлодирале две бомби кои превезувале јужно од Каиро, соопштиле денес египетската влада и безбедносни извори.

Во соопштението на владата е наведено дека тројцата загинати најверојатно планирале да извршат терористички напад, а дека настрадале кога експлодирал нивниот камион во село во Шараф.

Гувернерот на провинцијата Гиза Али Абдерахам изјавил дека тројцата загинати планирале да ги нападнат египетските сили на безбедност.

Од симнувањето на претседателот Мохамед Морси минатата година, во Египет се случиле серија на напади кои ги извеле џихадистите, најчесто на Синајскиот полуостров.

Во нападите загинале глем број на цивили и повеќе од 500 полицајци и војници.