Египетската Коптска православна црква ја одби средбата со Пенс поради Ерусалим

Египетската Коптска православна црква соопшти во саботата дека ја одбила средбата на нејзиниот поглавар Тавадрос Вторик со американскиот потпретседател Мајк Пенс за време на неговата посета на Каиро подоцна во декември, во знак на протест поради американското признавање на Ерусалим за израелска престолнина, а истото го сторија и муслиманските верски челници и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

„Поаѓајќи од тоа што администрацијата на САД донесе несоодветна за актуелното време одлука во однос на Ерусалим, којашто не ги зема предвид чувствата на милиони луѓе коишто ги претставуваат арапските народи, египетската коптска црква смета дека е соодветно да ја одбие закажаната средна со американскиот потпретседател Мајк Пенс во текот на неговата посета на Египет“, се наведува во соопштението. Се додава дека за време на посетата на Каиро, Пенс имал намера да разговара со Тавадрос Втори во неговата каирскиот кварт Абасија.

„Ние се молиме за сите да бидат мудри и разумни кога се занимаваат со прашањата коишто влијаат на мирот на народот на Блискиот исток“, се наведува во соопштението на коптската црква. Нејзините верници сочинуваат околу 15 отсто од вкупното население на Египет, но последните години заедно со нивните храмови беа цел на смртоносни напади на исламистите.

Претходниот ден и врховниот имам на најголемиот и највлијателен исламски универзитет во светот Ал Азхар, шеикот Ахмад ал-Тајиб, исто така, ја откажа средбата со американскиот потпретседател. Разговорите меѓу ал-Тајиб и Пенс, како што беше планирано, требаше да се одржи на 20-ти декември за време на претстојната турнеја на американскиот потпретседател на Блискиот исток. Меѓутоа, по објавата на Вашингтон за признавањето на Ерусалим за израелска престолнина, шеикот на Ал Азхар ја промени својата првична одлука и со остра осуда одби да се сретне со Пенс.

Врховниот имам на Ал Азхар својата одлука ја образложи со тоа што не би можел да разговара „со оние коишто ја фалсификуваат историјата, го узурпираат правата на народот и го лишуваат од неговото право на слободен пристап до своите верски светии“. Американскиот претседател Доналд Трамп мора итно да ја повлече донесената одлука, бидејќи таа, според оцената на ал-Тајиб, е „погрешна, како од морален, така и од правен аспект“.

Мнозински муслиманскиот Египет е клучниот американски сојузник и една од двете арапски земји, покрај Јордан, кои имаат дипломатски односи со Израел.

Подоцна во саботата, палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики, објави дека и палестинскиот претседател Махмуд Абас нема да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс во текот на неговата посета на регионот, како и дека нема да има никаква комуникација меѓу палестинските и американските функционери.

Ал Малики ова го изјави пред почетокот на вонредната седница на Арапската лига во Каиро посветена на американската одлука за Ерусалим, и по изјавата на Абас дека Вашингтон не може повеќе да биде посредник во блискоисточниот мировен процес.

„Ќе побараме нов посредник меѓу напите арапски браќа и меѓународната заедница,м посредник кој може да помогне во постигнувањето на решението со две држави“, рече ал-Малик за новинарите во Каиро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.