Египетската нова влада положи заклетва

Египетската влада,во нов состав, предводена од  премиерот Ибрахим Махлаб, положила заклетва денеска на церемонијата во претседателската палата во Каиро, пренесоа медиумите.

Владата ја сочинуваат 34 министри, вклучувајќи четири жени и неколку технократи, пренела агенцијата АП. Премиерот Махлаб бил на должност како привремен премиер изминатите пет месеци.

По прв пат, во владата нема министерсвто за информирање кое што со децении ги надгледуваше државните медиуми и ја обезбедуваше нивната поддршка за официјалната политика и раководството.Тоа е во склад со новиот устав, кој повикува на „независни институции“ во регулирање на медиумите.