Египетски терорист уапсен во Албанија

Египќанец, баран со меѓународна потерница за тероризам е уапсен на граничниот премин Капштица на албанско-грчката граница кај Корча, при обид да влезе на албанска територија.

Според албанската полиција Елсајед Али Ахмед Елезаби бил баран со потерница од Интерпол Каиро, бидејќи бил осуден од египетските власти со 25 години затворска казна за извршени терористички акти.

Која била целта на неговото доаѓање во Албанија треба да потврди истрагата, по што албанските власти се очекува да ја почнат процедурата за негова екстрадиција во Египет.