Египетските исламисти повикуваат на протести пред објавувањето на резултатите од референдумот

Поддржувачите на соборениот од власт претседател исламист Мохамед Морси, повикаа на протести пред објавувањето на резултатите од референдумот за донесување на нов Устав, пренесе „АФП“.

Поставеното привремено раководство од армијата го утврди дводневниот гласање како шанса за гласачите да ја изразат својата поддршка за симнувањето од власт на првиот слободно избран претседател на Египет, што се случи во јули минатата година по масовните улични протести.

Опозицијата сепак го бојкотираше гласањето, опишувајќи го како фарса и посочи дека ќе заврши со огромна изборна измама, што го карактеризира триесетгодишното управување на Хосни Мубарак, на кое во 2011 година крај стави Арапската пролет.

Државниот весник „Ал Ахрам“ објави дека 98 отсто гласале за поддршка на новиот основен закон кој треба да го замени Уставот инспирирана од исламот, усвоен во времето на Морси, во декември 2012 година.