ЕХФ ги објави термините во кои Вардар ќе игра против Висла Плок

Термините за одигрување на осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите денеска беа објавени од страна на Европската ракометна федерација, а она што најмногу ја интересира македонската јавност се термините во кои Вардар ќе ги игра своите два натпревари.

Првиот меч ќе се игра на 14 март во Орлен арена во Плок, а тој натпревар ќе започне во 20:45 часот. Вториот дуел ќе се игра на 21 март во СЦ “Јане Сандански”, со почеток од 20:15 часот.