ЕХФ го казни Будуќност со 10.000 евра!

Европскатаракометнафедерација (ЕХФ) одлучи да го казни црногорскиот шампион Будуќност со 10.000 евра поради инцидентот на натпреварот од Лигата на шампионите против Крим, кој се одигра на 9 март во спортскиот центар „Морача“.

ЕХФ покрена постапка против Будуќност врз основа на пишуваниот извештај на делегатот на тој натпревар Диетра Конветса од Белгија, бидејќи во 37 минута од натпреварот пукнала петарда позади голот.

Според тоа ЕХФ одлучи да го казни црногорскиот клуб со 10.000 евра и со опомена дека клубот повторно ќе биде казнет доколку повторно се случи некој инцидент во рок од една година.