ЕХФ го казни Вардар со 5.000 евра

Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе треба да плати 5.000 евра за инцидентот со фрлената паричка на дуелот со Динамо Минск во групната фаза од Лигата на шампионите, кога повреден беше Тимур Дибиров.

Проблемот бил разгледан од Судот за ракомет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и врз основа на изјавите од сите страни донесена е оваа одлука. Во извештајот од ЕХФ се вели дека Вардар жали за инцидентот, кој е дело на поединец и дека ваквото однесување е за осудување и не е спротивно од клупската политика.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.