ЕХФ го казни Вугринец

Македонскиот ракометен шампион Металург ќе биде значително ослабен за отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите, откако Европска ракометна федерација (ЕХФ) го казни Ренато Вугринец со еден натпревар неиграње. Ваквата одлука на ЕХФ доаѓа како резултат на неговото исклучување на реванш натпреварот од четвртфиналето против Кил, кога новопечениот македонски репрезентативец по одличната игра во првиот дел, поради навреди упатени кон судиите не беше во можност да го доврши натпреварот.

„Вугринец е казнет со неиграње на еден натпревар од ЕХФ-клупските натпреварувања, што значи дека тој ќе го пропушти отворањето на новата сезона, на домашен терен против ПСЖ (24-28 септември)“ , се вели во соопштенето на ЕХФ