Ехо фестивал на планинарски филмови во Штип

Денеска, по вторпат во организација на ОУК Дом на млади Штип и на Форумот за Авангардна креативност ќе гостува ЕХО – филмскиот фестивал.

Програма на ЕХО фестивалот во Штип ќе започне вечерва во 19 часот со проекцијата на филм на автори од Италија, а со паузи следуваат проекции на уште неколку филмови на тематика на планинарскиот филм од Европа.

Куса содржина на фимовите

Крис Бонингтон – живот и искачувања, Италија, 2015: Крис Бонингтон, еден од најголемите алпинисти во втората половина на дваесетиот век – споделува дел од своите авантури од неговиот живот полн со истраживања и искачувања по планините насекаде во светот. “Се чувствувам како да сум уште таму” објаснува Бонингтон, сеќавајќи се на планините и моментите во нив, толку јасно и чисто во неговиот ум. Ова е почетна точка на едно патување и рефлексија која во себе ги има најдлабоките, чисти, но и контрадикторни сентименти на овој алпинист, но пред се’ – човек. Неговата љубов кон својата жена и деца, неговата одлука да живее за и од алпинизмот, неговите пријателства, освојувања, но и болки поради многуте загубени пријатели, прават приказна, длабока и искрена, заедно уникатно искуство и истражување кое никогаш нема да има крај, исто како и сите големи пасии.

ТОМ – Италија, 2015: Том живее со својот татко Џејмс во еден кампинг во Доломитите. Двајцата живеат од неговата пензија. И неговата мајка, големата англиска алпинистка Алисон Харгривс, која загина при симнување од К2 кога тој имаше само 6 години, не сакаше да биде ништо освен качувач. Тој го посвети целиот свој живот на планините и една од последните цели му беше да се искачи соло по шесте северни страни во Алпите во една зимска сезона. Никој го нема тоа претходно направено и тој сака да биде прв. Со белото комбе кое го управува Џејмс, Том ќе патува низ Алпите и ќе се обиде да го реализира својот сон.

Слобода под товар – Словачка, 2016: Со стотина килограми на своите грбови, тие се соочуваат со невремиња, олуи и длабок снег. Нивната унешност не е само професија, туку и нивен сопствен начин да најдат мир.Во овој документарец, ќе имаме можност да се запознаеме со најстарата генерација на носачи во Високите Татри, кои со товар се качуваат по планините и вршат достава на разни потребштини за домовите секој ден. Ќе откриеме зошто го одбрале овој начин на живот и зошто останале последни Мохиканци на европскиот континент. А можеби ќе откриеме нешто и за својот товар во животот.