Македонија

ЕК бара од балканските земји да соопштат колку бегалци можат времено да сместат

ЕК бара од балканските земји да соопштат колку бегалци можат времено да сместат
Издадени 320.700 потврди на странски државјани
Европската комисија очекува на денешната пленарна видео-конференција меѓу контакт-личностите што ги определија лидерите на земјите-учеснички на мини-Самитот во неделата, посветен на бегалската криза, да соопштат која од земјите, меѓу кои и Република Македонија е подготвена за колку бегалци привремено да смести на својата територија.
Државниот секретар во македонското Министерство за внатрешни работи Анастасија Илиеска е одредена како контакт-личност на Македонија во редовната комуникација со Брисел и останатите 12 земји што партиципираа на неделниот мини-Самит и кои се обврзаа на соработка за прашањето што ја загрозува безбедноста и иднината на европскиот континент, јави дописникот на МИА од Брисел
           
Според главниот портпарол на Европската комисија Маргаритис Схинас, земјите што партиципираа на недлениот состанок се обврзале во смисла на тоа дека дискутирале и се согласиле на лидерската изјава што беше објавена во неделата.
– Она што треба да го сториме сега е да ги преведеме овие обврски во акција на земја. Не е до мене да ви кажувам во каква ситуација се бегалците во моментов, заглавени во шумите во многу тешки услови и затоа инсистираме на потребата да се движиме од дијагноза во имплементација и тоа е поитно од секогаш. Не смееме да губиме ниту еден момент, апелираше гласноговорникот на Еврокомисијата.
Наташа Берто, портпаролка на Димитрис Аврамопулос, еврокомесар за миграција и внатрешни работи, пак, потсети дека