Балкан

ЕК бара суспендирање на работата на Јужен тек

ЕК бара суспендирање на работата на Јужен тек

Европската комисија побара работата на гасоводот Јужен тек да биде суспендирана се додека бугарската влада не даде јасни одговори на загриженоста на ЕУ поради монополската положба на руската компанија „Газпром“.

„Нашиот став е јасен: Јужен поток не е во согласност со Третиот енергетски пакет и со европските правила за конкуренција, внатрешниот пазар и јавните набавки“, изјави Сабина Бергер, портпаролка на комесарот за енергија Гинтер Етингер во Брисел.

Од Комисијата е најавено дека од Бугарија формално е побарана информација за почетокот на изградбата на гасоводот во Црното море, што е прв чекор кон поднесување на пријава на Европскиот суд во Стразбур.

Бугарија пак тврди дека со тоа не ги нарушува правилата на ЕУ, бидејќи работите се извршуваат во меѓународни води, но Комисијата завземала спротивен став.

Почетокот на работите во Бугарија беше најавен за овој месец, но веројатно ќе биде одложен. Министерот за енергетика на Бугарија смета дека земјите низ кои треба да минува Јужен тек не треба да се заложник на кризата меѓу Украина и Русија.