ЕК: ЕУ треба да ги држи отворени границите меѓу земјите членки

ЕК: ЕУ треба да ги држи отворени границите меѓу земјите членки
ЕК: ЕУ треба да ги држи отворени границите меѓу земјите членки

Европската унија треба да ги држи отворени границите меѓу земјите членки, се наведува во декларација на Европската комисија по синоќешната вонредна средба на министрите за внатрешни работи во Брисел, посветена на бегалската криза.

Должни сме да ги држиме отворени границите меѓу земјите членки, но паралелно со тоа треба да вложиме посериозни заеднички напори за обезбедување на надворешните граници, се наведува во декларацијата, пренесува ТАСС.

Европската унија може да функционира само кога секој игра по правилата. Шенгенскиот систем и сите нејзини поволности може да бидат задржани само во случај, кога земјите во ЕУ работат заедно оперативно, одговорно и солидарно, со цел справување со мигрантската криза, се наведува во декларацијата на ЕК.

Советот на ЕУ за внатрешни работи треба да се состане во следните денови на уште една вонредна средба за миграцијата, изјави еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, по средбата на министрите за внатрешни работи.

Не постигнавме согласност, како што бараме. Потребна ни е уште една средба во следните денови, изјави Аврамопулос, пренесува ТАСС.

Според Аврамопулос, временото воведување на контрола на границите на Германија не е крај за Шенген зоната, бидејќи Берлин само користи инструмент предвиден во шенгенскиот систем