ЕК ги одобри олеснувањата за Украина

Европската комисија ги одобри трговските олеснувања за Украина, чија вредност се проценува на вредност од 500 милиони евра.

ЕК ги укина увозните царини за широк спектар на земјоделски и други производи од Украина, со цел да се поттикне таа економија.

Оваа одлука, според европскиот комесар за трговија, Карла де Гухта, веднаш ќе стапи на сила и ќе биде на сила до први ноември оваа година, бидејќи до тогаш, според процените на експертите на Европската унија, би требало да се потпише договор за слободна трговија со Киев.

Вкупната вредност на тие трговски олеснувања е проценета на 487 милиони евра годишно. Ваквата одлука е дел од напорите на ЕУ да се поттикне економијата на Украина по симнувањето од власт на претседателот Виктор Јанукович.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.