ЕK ги осуди заканите од активист на СДСМ до новинарката на „Курир”

ЕK ги осуди заканите на новинарката на „Курир” од активист на СДСМ
ЕK ги осуди заканите на новинарката на „Курир” од активист на СДСМ

Европската комисија (ЕК) денеска ги осуди заканите по животот на новинарка на македонскиот интернет-портал „Курир” и нејзинио петгодишен син од страна на активист на опозициската СДСМ,пренесе МИА.

Повикувајќи се и на забелешките за слободата на медиумите во последниот прогрес-извештај, портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич, порача дека „Брисел осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат”.

– ЕK придава големо значење на почитувањето на слободата на изразување и слободата на медиумите. Како што е наведено во извештајот за напредокот, посебно во оној за вашата земја, Европската комисија осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат. Ова е нешто на кое е посветивме во препораката за БЈР Македонија каде Еврокомисијата ги охрабрува сите, посебно Владата и медиумите да работат посилно за да се подобри медиумска култура во земјата, порача портпаролката Коцијанчич на денешната прес-конференција во зградата на ЕК во Брисел.

Како што е познато, извештајот за Македонија и делот за медиумите предизвика реакции од дел од новинарските асоцијации и кругови од Македонија, поради тоа што селективно беа издвоени само нападите и заканите за „новинари” од про-опозициски медиуми, но не и напади на опозициски активисти врз новинари поради нивни јавно искажани ставови.