ЕК ги отфрла критикита на Варшава за Тимерманс

Европската комисија ги отфрли во понеделникот критиките на полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски на сметка на првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс, оценувајќи ги како „непознавање на улогата и структурата“ на оваа европска институција.

„Жалиме поради тоа што министер во влада не ја разбира улогата на Комисијата, нејзината структура и надлежностите. Комисијата е чувар на договорите, заедничките интереси на 28-те земји членки и на владеењето на правото. Таа е колективно тело и сите одлуки се носат на колегиумот. Сите нејзини членови се индивидуално и колективно потвдени во Европскиот паралмент“, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргатиритис Шинас.

Претходно шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски во интервју изјави дека неговата влада нема проблеми со Европската унија, ниту со Европската комисија, туку со првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс.

„Во Полска преовладува мислењето дека станува збор за лична крстоносна војна на Тимерманс, бидејќи работите за коишто сме обвинети одамна се решени во парламентот“, рече Вашчиковски додавајќи дека не постојат „тензии меѓу ЕУ и Полска, меѓу ЕК и Полска, туку постои напнатост меѓу еден комесар и Полска“.

Тимерманс, кој во ЕК е задолжен за меѓуиституционалните односи, владеењето на правото и Повелбата за темелните права, покрена истрага којашто треба да утврди дали полската влдата ги криши принципите на владеењето на правото и тројната поделба на власта.

Полската влада е обвинета дека го блокира именувњето на судиите на Уставниот суд кои ги именуваше претходната влада во изборната година и донесе некои правила за именувањето на директорите во јавните сервиси што е оценето како кршење на слободата на медиумите. Тимерманс овие потези на полската конзервативна влада ги оцени како „закана за основите на коишто почива“ Европската унија.

Министрите за европски прашања на земјите членки пред десетина дена имаа свој состанок на којшто едно од прашањата под точката „разно“ беше дебатата за владеењето на правото во Полска, врз основа на извештајот на Тимерманс. Комисијата во јануари 2016 година изведе „прелиминарна процена“, во Рамката за заштита на правната држава, на новиот полски закон за Уставниот суд за да утврди дали со него се нарушуваат правилата на Европската унија.

Ткн „Рамка за правна држава“ е механизам кој Европската комисија го усвои во март 2014 година по критиките дека не одговорила на соодветен начин на наводната закана за демократските стандарди во Унгарија. Овој механизам се сведува на дијалог со земјата членка за да се утврди дали таа земја е подготвена да ги промени спорните закони и постапки за да се избегне активирањето на Челнот 7 од Договроот за ЕУ, којшто предвидува суспендирање на правото на глас за државата членка којашто не ги почитува основните принципи и вредности на ЕУ, што досега не е употребено.

„Имавме дебата врз основа на мојот извештај и постои широк консензус дека владеењето на правото е во заеднички интерес и заедничка одговорност на европските институции и земјите членки. Големо мнозинство земји членки го поддржуваат продолжувањето на дијалогот со полските власти за да се изнајде решение за отворените прашања“, изјави Тимерманс.

Полската владејачка партија којашто надмоќно победи на изброите во октомври 2015 година, Право и справедливост (PiS) ги отфрла критиките од Брисел дека првосудстото и јавните медиуми ги ставила под своја зголемена политичка контрола и дека ги нарушува основните права и слободи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.