ЕК ги отфрли хрватските услови во преговорите со Србија

Европската комисија ги отфрлила барањата на Хрватска во преговорите за членство на Србија во ЕУ, кои практично го блокираа преговарачкиот процес на Белград и отворањето на поглавјето 23.

Станува збор пред се за барањето на Загреб за укинување на српскиот закон за универзална јурисдикција на Србија за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија.

Европската комисија, според интерните документи, смета дека ваквото барање на Хрватска не треба да биде услов за отворање на преговорите во поглавјето 23 кое се однесува на правосудство и основните права, при што се нагласува дека Брисел бил на ваков став уште од почетокот.