ЕК ќе ја презентира стратегијата за Западен Балкан

Високиот комесар на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска ќе ја презентираат стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан.

Могерини и Хан ќе ја објават стратегијата за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан, во која се предупредуваат на две важни прашања, кои се однесуваат на целиот регион, а кои треба да се решат пред пристапувањето на која и да е земја во Унијата: дијалогот меѓу Србија и Косово и билатералните спорови.

Во најновата верзија на стратегијата за Западен Балкан, се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“.