Свет

ЕК ќе преземе мерки за ограничување на птичјиот грип во Холандија

ЕК ќе преземе мерки за ограничување на птичјиот грип во Холандија

Ќе се преземаат итни времени превентини мерки за ограничување на новиот вид на птичји грип, откриен во Холандија, соопшти синоќа Европската комисија.

– Се очекува на 17 ноември Комисијата да донесе одлука за итни времени превентивни мерки по откривањето на птичиот грип, изјави портпаролот на ЕК, Рикардо Кардосо.

Мерките ќе ги опфаќаат зоните означени од холандските власти во кои се наоѓаат живинарските фарми, од кои ќе биде забранета продажба на живина, јајца, пилешко месо и друго пилешки производи на други членки на Европската унија и на трети земји.

Холандските власти соопштија вчера дека на една фарма во централниот дел на земјата откриле високо патоген вид на птичјиот грип и воведоа привремена забрана за транспорт на живина во радиус од еден километар околу сите живинарски фарми во Холандија.

Во соопштението на холандската Влада се наведува дека новооткриениот вид на грип е смртоносен за живината, но и дека од него може да се заразат и луѓето.

Властите најавија дека на фармата, на која е откриен птичјиот грип, во селото Хекендорп во централна Холандија, ќе бидат уништени околу 150 илјади парчиња живина.

Холандија во 2003 година беше погодена од вирусот Х7Н7 на птичјиот грип и тогаш здравствените власти уништија око